понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 73
home Вести

Продолжува подновувањето на возните паркови на судовите (ФОТО)

Продолжува подновувањето на возните паркови на судовите (ФОТО)

По примерот на скопскиот Апелационен суд, и Апелациониот суд Битола за иста цена, од 27.560 евра од буџетот ќе купува патничка лимузина.

Огласот е објавен на Бирото за јавни набавки.

Според тендерската документација, автомобилот треба да биде со погон на сите 4 тркала и со моќност од минимум 140 kw како и црна металик боја.

На списокот купувачи на нови автомобили се и судовите во Велес и Штип. Тие се поскромни, па планираат да потрошат само по 13 илјади евра.

Но, Управниот суд и гостиварска Апелација не се толку скромни, па ќе потрошат по 27 илјади евра за да купат нови возила.

Возниот парк го поднови и судот во Тетово- си купија автомобил од 19 илјади евра.

 

Најнови вести

Коронавирус