среда, 2. декември 2020. Вести денес: 210
home Вести

Продолжува нарачаната владина шарада со судењето за „27 април”

Аналитичарите овој процес го протолкуваа како нарачка од власта како дел од нивната кампања пред избори, со кој на народот, во недостиг на проекти и резултати, ќе му враќа сеќавања за некаков наводен режим од минатото.
Продолжува нарачаната владина шарада со судењето за „27 април”

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи нарачаната шарада од актуелната влада со судењето насилствата во Собранието од 27 април 2017 година.

На предлог на обвинителката Вилма Рускоска, на денешното рочиште треба да сведочат техничкиот премиерот Оливер Спасовски и Михаил Младеновски, еден од обвинетите за насилствата во законодавниот дом.

Агилната, по потреба, Рускоска најави дека како сведок ќе биде повикан и Александар Василевски – Нинџа, осуден на осум години затвор за „27 април“.

На првото рочиште  обвинетите Трајко Велјановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Владимир Атанасовски, се изјаснија дека не се винови за кривичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност”. Поранешните државни функционери од времето на ВМРО-ДПМНЕ, кои се товарат за организирање на „крвавиот четврток”, кажаа дека го сметаат обвинието против нив за политички прогон.

Обвинителката Рускоска, пак, и натаму упорно тврди дека ќе докаже оти обвинетите изготвиле план со намера за загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата со акти на насилство за да спречат мирно примопредавање на власта, што наводно резултирало со насилствата на 27 април 2017 година.

Судскиот процес го води судијата Илија Трпков.

Аналитичарите овој процес го протолкуваа како нарачка од власта како дел од нивната кампања пред избори, со кој на народот, во недостиг на проекти и резултати, ќе му враќа сеќавања за некаков наводен режим од минатото.

 

Коронавирус