петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 143
home Вести

Продолжува фарсата: Нови сведоци на СЈО потврдуваат дека се е законски во набавката на блиндираното возило

Прв кој се возеше во Мерцедесот беше генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, а втор кој го користел е емирот од Катар, кој беше во посета на Македонија. Возилото е користено и за превоз на високите челници на ЕУ, кои ја посетувале нашата држава.
Продолжува фарсата: Нови сведоци на СЈО потврдуваат дека се е законски во набавката на блиндираното возило

Продолжува фарсата со политички конструираните предмети на СЈО  против поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. На денешното рочиште за случајот „Тенк“ кој се однесува на  набавка на службено возило „Мерцедес С 600“,  за потребите на државата и превоз на странски гости за кои е потребно високо ниво на безбедност од страна на сведоците повикани за случајот беше кажано дека целата постапка за набавка на возилото била во согласност со законските процедури.

Денеска се сослушуваат 3 нови сведоци кои директно биле вклучени во јавната набавка на возилото „Мерцедес С 600 Гард“. Двата сведока вработени во МВР изјавија во судот дека се било нормално како и секоја друга јавна набавка.

– Постапивме според планот за набавка како и за секоја набавка преку јавен тендер. Бев член на комисијата во 2012 година и присуствував во отварањето на понудата. Понатаму понудата ја преземаа колега одговорни за избор на компанијата за продажба на возила, рече Силвана Трпова вработена во МВР.

На претходното рочиште за залучајот „Тенк“ и сведокот на СЈО, поранешен вработен во кабинетот на министерката за внатрешни работи во тоа време, Киро Тодоровоски изјави дека постапката за набавка на возилот било во согласност со сите законски процедури.

– Лично сметам дека по однос на работната комисија во која и јас бев член, запазени се сите постапки процедури и критериуми за време на јавната набавка на возилото Мерцедес С 600. Беше отворена единствената понуда која ги содржеше сите неопходни елементи, изготвен записник со предлог за набавка, кажа сведокот, рече Тодоровски.

Од досегашниот тек на постапката јавноста можеше да заклучи дека се работи за постапка за набавка во која се испочитувани сите законски процедури за набавка и дека набавката на возило од ваков тип е неопходно за нормалното функционирање на една држава.

Прв кој се возеше во Мерцедесот беше генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, а втор кој го користел е емирот од Катар, кој беше во посета на Македонија. Возилото е користено и за превоз на високите челници на ЕУ, кои ја посетувале нашата држава.

Од претходните рочишта дознавме и дека претходно возилата кои се користеле често се расипувале и ги оставале гостите на траса, при што или требале да чекаат друго такво возило од Скопје доколку има такво на располагање во моментот или да продолжат со возило кое не ги исполнува безбедносните стандарди.

Доколку државата нема возило од ваков тип, за гостите за кои постои потреба од високо ниво на безбедност ќе треба да се изнајмуваат возила од Софија или Белград, а таквото изајмување на ден ќе ја чини државата и до 5 илјади евра.

Коронавирус