вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 39
home Вести

Продолжува акцијата да се дојде до урнатиот авион на Солунска глава

Продолжува акцијата да се дојде до урнатиот авион на Солунска глава

Екипи на МВР и на другите надлежни институции денеска ја продолжуваат акцијата да стигнат до остатоците од авионот Цесна кој вчера попладне се урна кај Солунска Глава при што загинаа четири лица државјани на Бугарија.

Акцијата беше прекината синоќа поради лошите временски услови и непристапниот терен.

-Авионот Цесна за кој во 16:16 часот од М-НАВ беше пријавено дека се изгубил од радар, а полетал од Охрид за Софија од припадници на МВР е лоциран нешто по 19 часот на околу пет километри северозападно од Солунска глава, информира синоќа на прес-конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Тој посочи дека од Охрид полетале четири лица, државјани на Република Бугарија, меѓу кои и едно малолетно лице.

Лоцирани се преку воздушен простор, но временските услови на локацијата биле лоши, па и покрај сите обиди да се пристапи до авионот, тоа синоќа било невозможно поради непристапниот терен.

Загинатите лица се родени 2000, 2005, 1970 и 1972 година. Медиумите во Бугарија објавија дека загинатите се Георги Бошнаков, неговата сопруга Калина и двете ќерки.

Коронавирус