понеделник, 25. јуни 2018. Вести денес: 81
home Вести

Продолжена кризната состојба на јужната граница до следната година

Продолжена кризната состојба на јужната граница до следната година

Со одлука на Собранието на Република Македонија до 30 јуни следната година е продолжен рокот за постоење кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Македонија.

Парламентот ја изгласа одлуката со 60 гласа „за“ во рамки на денешната 26. седница.

Со носењето на Одлуката се обезбедува континуитет во вршењето на активностите од страна на силите на Армијата на Република Македонија и безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи, во функција на обезбедување, заштита и чување на државната граница.

На седницата се усвоени и Одлука за објавување јавен оглас за избор на главен државен ревизор, како и Програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во РМ за 2018 година.

Седницата продолжува со расправа за Дополнетиот предлог на Буџетот на РМ за 2018 година.