сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 88
home Вести

Продлабочувањето на децентрализацијата на седница на Генералното собрание на ЗЕЛС

Продлабочувањето на децентрализацијата на седница на Генералното собрание на ЗЕЛС

 Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС, денеска во Скопје ќе ја одржи петтата седница на која ќе стане збор за продлабочување на процесот на децентрализација и за буџетот за 2020 година.

Како што е најавено, претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов ќе информира до каде е реализацијата на новиот предлог-концепт на ЗЕЛС за унапредување на системот на локалната власт што оди во три насоки: фискалната децентрализација;  проширувањето на надлежностите на ЕЛС и промени во организацијата на локалната власт. Генералниот став на ЗЕЛС, посочуваат, е заедничка заложба за продлабочување на процесот на децентрализацијата на власта во земјава.

Делегати на Генералното собрание, кое е највисокото тело на Заедницата на единиците на локалната самоуправа, се градоначалниците и членовите на Комитетот на советите при ЗЕЛС.

Коронавирус