понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 84
home Вести

Процес Брдо-Бриони: Кога двете Кореи успеаја да се договорат, можеме и ние

Процес Брдо-Бриони: Кога двете Кореи успеаја да се договорат, можеме и ние

Кога Северна и Јужна Кореја успаја да се договорат, откако денеска лидерите на двете земји се согласија дека заеднича цел ќе им биде целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и прогласување службен крај на Корејската војна, земјите од регионот со сигурност ќе можат да ги решат меѓусебните несогласувања, порачаа денеска учесниците на состанокот на земјите од Процесот Брдо – Бриони во Скопје.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, кој беше специјален гостин на состанокот, на заедничката прес-конференција на која учествуваа и домаќинот, македонскиот перетседател Ѓорге Иванов, претедателите на Хрватска и Словенија, Колинда Грабар Китаровиќ и Борут Пахор, како и бугарскиот премиер Бојко Борисов, нагласи дека на регионот му се потребни повеќе позитивни примери, како Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, спогодбата меѓу Приштина и Црна Гора.

– Можеби, историјата на Балканот, која наликува на хорор филм, кој никогаш не завршува, сепак да има среќен крај. Она што се случи со Северна и Јужна Кореја покажува дека невозможното станува возможни, рече Туск.

Напомена дека за време на неговата турнеја низ Западен Балкан дал јасна порака дека земјите-членки на Унијата цврсто се залагаат за европската перспектива на регионот.

Туск Скопје

– Можете да сметаме на нас, тоа не се само празни зборови, тоа е факт, рече Туск и напомена дека 73 отсто од трговската размена на земјите од регионот се остварува токму со ЕУ.

Според него, не станува збор само за трговија, инвестиции и пари, тука за тоа во какви општества сакаме да бидеме. Ова е, рече, избор што само вие самите треба да го направите, додавајќи дека станува збор за важноста за движење напред, за поврзаноста во самиот регион и за поврзаноста на регионот со ЕУ.

– Ако ЕУ не ни ја обезбедите иднината, тогаш ние ќе се занимаваме со минатото, рече претседателот Иванов на прес-конференцијата.

Оценувајќи дека врвните стратегиски цели на Република Македонија се членството во НАТО и во ЕУ, Иванов оцени дека долго време политиката на проширувањето потфрлуваше во случајот со земјава, не поради принципите и критериумите на ЕУ, туку поради непочитувањето на тие принципи и критериуми од страна на една земја членка.

– Како Претседател на Република Македонија ја повикувам Унијата да овозможи паралелно движење на преговорите за членство и надминување на билатералната разлика меѓу Македонија и Грција, изјави Иванов .

Додаде дека по самата своја природа, проширувањето е политичко, а не само техничко прашање.

– Конечниот збор го има Европскиот совет, а не Европската комисија. А политичкото прашање не може да се реши само со технички пристап и бара храброст, одлучност и креативност од Унијата. Нема подобар пример за тоа од Словенија и Хрватска кои со помош на Европската Унија, успеаја да најдат начин за паралелни преговори. Благодарение на таквиот европски пристап, денес Словенија и Хрватска се лидери на Процесот Брдо-Бриони, изјави Иванов.

Истакнувајќи дека најважното нешто што ги поврзува земјите од регионот е желбата за членство во ЕУ, Иванов рече дека очекува Унијата да не ни дава празни ветувања,бидејќи „членството во Унијата за нас не е празен идеал“.

Бугарскиот премиер Борисов изрази надеж дека Македонија и Грција брзо ќе го решат спорот околу името.

– За тоа сега постои историска можност. Во иднината 60 години отсега историчарите ќе го оценуваат овој момент и ќе ги запишат нашите имиња, порача Борисов.

И тој направи паралела со Северна и Јужна Кореја, напоменувајќи дека кога овие две држави успеале да постигнат договор, земјите од регионот сигурно ќе можат да ги надминат разликите.

– Имаме историска шанса да ги придвижиме земјите кон ЕУ. Денеска е решен проблемот меѓу двете Кореи, зошто ние да не можеме да ги решиме нашите балкански проблеми. Навистина се надевам дека лидерите ќе разберат што не очекува на самитот во Софија. Крајно време е да и покажеме на ЕУ дека ние сами можеме да си ги решаваме нашите отворени прашања, додаде Борисов.

Хрватската претседателка ја поздрави одлуката со која се препорачува почеток на преговори со Македонија и со Албанија.

– Хрватска од своја страна ќе стори се што е можно да се забрза овој процес за Македонија и Албанија. Хрватска силно ја поддржува политиката на проширување, која е засновна врз принципот на сопствени заслуги, кој е втемелен на строги правила и вреднување, рече таа.

Посочи дека за напредокот во процесот на проширувањето најважни се резултатите во подрачјето на владењето на правото, реформите во правосудството, борбата против коупцијата и организианиот криминал, безбедноста, како и јакнењето на регионалната соработка.

Словенечкиот претседател Пахор рече дека одлуката на ЕК повторно да ги поддржи реформите во ЈИЕ со цел еднаш за секогаш државите од регионот да станат дел од Унијата е од големо значење.

– Врз основа на моите политички искуства јасно е дека Брисел не може да направи се доколку тоа не го направат и лидерите на државите. Убеден сум дека со добра политичка волја може да се решат сите проблеми и на иднината гледам со оптимизам, рече Пахор.

На денешниот состанок на Процесот Брдо-Бриони учествуваа македонскиот претседател Иванов, како домаќин и претседателите на Хрватска и на Словенија, Колинда Грабар Ќитаровиќ и Борут Пахор, како претставници на земјите иницијатори на овој процес.

Присуствуваат и претседателите на Србија Александар Вучиќ, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Албанија Илир Мета, на Косово Хашим Тачи, како и претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ. Специјални гости на состанокот во Скопје се претседателот на Европскиот совет Туск и премиерот на Бугарија Борисов.

Лидерите во заклучоците меѓудругото ги поздравија пораките и конкретните предлози од Стратегијата на ЕУ за Западен Балан и потврдата за веродостојно проширување и зајакнување на ангажамнот на ЕУ со регионот.

Особено го поздравија претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи во Софија, како конкретен израз на обновениот пристап на ЕУ кон регионот.

Нагласија дека е потребна поголема синергија во регионалните иницијативи и механизми во однос на градењето на инклузивен регион.

– Го охрабруваме решавањето на отворените прашања и спорови во духот на добрососедство и во согласност со меѓународното право, повикувајќи се на средствата за мирно решавање, пред се, на постојаните меѓународни судови и трибунали и арбитражата, порачаа лидерите.

брдо бриони фемили мала

Тие се согласија Албанија следната година да биде домаќин на состанокот на лидерите на Процесот.

МИА

Локални избори 2021