вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 119
home Вести

Призна ли Филипче дека не знаат што прават: „Да знаевме дека ќе биде така, немаше да дадеме препорака да се отворат кафаните“?!

Призна ли Филипче дека не знаат што прават: „Да знаевме дека ќе биде така, немаше да дадеме препорака да се отворат кафаните“?!

Да знаевме дека нема да се почитуваат препораките за заштита на ковид-19, немаше да дадеме препорака од Комисијата за заразени болести да се отворат кафаните, изјави Венко Филипче, министерот за здравство на денешната прес-конференција на која соопшти дека во изминатото деноноќие има четворица починати и 52 новозаболени од коронавирус во Македонија. Дали со оваа изјава, Филипче директно призна дека тој, Комисијата за заразни болести и Владата на Спасовски не знаат што прават и се што чинат е стихијно, политички мотивирано и народски кажано „на тепка“?!-

„Мислам дека такви слики како вчера не треба да гледаме, ниту да сме сведоци на такви сценарија во тукушто отворените угостителски објекти. Тоа не беше суштината. Да знаевме дека ќе биде така, немаше да дадеме препорака да се отворат. А ние мораме да го вратиме животот во нормала, мора секој да даде максимално се од себе, како што дадоа здравствените работници“, рече Филипче.

Вчера по повеќе од два месеци беа отворени угостителките објекти. На социјалните мрежи имаше објавено фотографии од скопски кафеани каде наместо почитување на препораките, се правеле забави без одржување дистанца, без маски и со групирање.

Филипче, иако негираше дека олабавувањето на мерките беше политичка одлука за создавање розови очила за одење на избори, на кои толку многу и бескруполозно инсистира неговата СДСМ и лидерот Заев, заборави да објасни кој ќе ја сноси одговорноста за она што ќе следува по преуранетото укинување на редица мерки.

Доктор Никола Пановски, пак, укажа дека е јасно оти укинувањето  на мерките беше политичка одлука.

-Јасно е дека мерките беа политички одлуки и фала Богу дојде и шамарот. Комисијата за заразни болести да се води по науката и струката. Според мене, воопшто не требаше да ги олабават мерките. Значи, полицискиот час веднаш треба да се врати од 21 часот и да не биде дозволено шетање цела ноќ. Исто така, веднаш да се спроведе контрола во ризичните подрачја. Дали ризичните подрачја се контролираат никој не знае. Не може да доаѓаат во Центар кога ќе им текне, туку само по потреба. Совеста на граѓаните да се искачи на повисоко ниво и да се казнува, посочи Пановски.