недела, 22. април 2018. Вести денес: 0
home Вести

Приведувањето на Васе Доневски, брза одмазда на ДУИ кон ВМРО-ДПМНЕ за противењето за Законот за јазици

Приведувањето на Васе Доневски, брза одмазда на ДУИ кон ВМРО-ДПМНЕ за противењето за Законот за јазици

Еден ден откако ВМРО-ДПМНЕ се спротистави на насилното донесување на законот за јазици во Собранието, финансиската полиција, со која раководи кадар на ДУИ, Арафат Муареми, поведе постапка против поранешниот директор на СОЗР, Васе Доневски.

Еден ден по приведувањето за Доневски е побаран и притвор во траење од 30 дена.

Кадрите на ДУИ во институциите очигледно видно револтирани од противењето на пратениците на  ВМРО-ДПМНЕ да дозволат насилно донесување на законот за јазици и изјавата на претседателот Иванов, дека нема да го потпиште указот на законот, за истиот да стапи на сила, ја активирал желбата за одмазда кај ДУИ, прв на удар е Васе Доневски.

Инаку во средата, на 14 март, владејачкото мнозинство СДСМ-ДУИ насилно без да го испочитува правото на  амандманска расправана прратениците го прогласи законот за двојазичност за изгласан во Собранието на Република Македонија. прогласувањето следеше по едно прекинување  на  седницата по интервенција на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои недозволија да се гласа, по што Џафери ја прекина седницата и веднаш потоа набрзина го собра парламентарното мнозинство за да каже дека законот е изгласан.

Веднаш реагираше претседателот Иванов, кој кажа дека нема да го потпише указот на законот и тој нема даможе да стапи во сила.

Ваквото насилничко однесување беше осудено и од страна на западните дипломати во Република Македонија. Францускиот амбадасадор, Кристијан Тимоние, ја оквалификува состојбата во македонското Собрание како разочарувачка и кажа дека по настаните од 14 март, виси препорката од ЕУ.

Гневот за докрај неуспешната реализација ДУИ го истура врз претставници на поранешната власт, мислејќи дека така ќе му се одмазди на ВМРО-ДПМНЕ  за противењето против двојазичноста.