петок, 4. декември 2020. Вести денес: 5
home Вести

Приведено лицето кое качено на автомобил пцуеше во центарот на Скопје

Приведено лицето кое качено на автомобил пцуеше во центарот на Скопје

Приведен е мажот кој на снимка којашто се појави на социјалните мрежи се гледа како пцуе, качен на автомобил.

Лицето било под дејство на алкохол и против него ќе бидат поднесени поднесоци по член 4 „карање, викање дрско и непристојно однесување на јавно место“, како и по член 6 „оддавање на пијанство на јавно место или во пијана состојба го нарушува јавниот ред и мир“ и член 13 „омаловажување на државни органи“ од Законот за прекршоци.

На снимката се гледа како лицето кажува работи за лидерот на СДСМ, Зоран Заев и за претседателот Стево Пендаровски, во центарот на Скопје.

Коронавирус