вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 150
home Вести

Приведени 98 лица: Колку Македонци го прекршија полицискиот час за 1-ви мај?

Приведени 98 лица: Колку Македонци го прекршија полицискиот час за 1-ви мај?

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР за периодот (01/02.05), по однос на забраната за движење, евидентирано е дека на ниво на целата држава 130 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 98 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 27 лица им се издадени решенија за изолација, а 37 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Коронавирус