сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 89
home Вести

Приведен поранешен македонски пратеник (ФОТО)

Приведен поранешен македонски пратеник (ФОТО)

Поранешниот пратеник Љубомир Јосифовски синоќа бил приведен и однесен на распит во полициската станица Беко, дознава Сител од извори во истрагата.

Полицијата потврдува дека бил приведен, но засега не се познати детали за случајот.

Според неофицијални информации тој се поврзува со делото “неовластено навлегување во компјутерски систем”, објави телевизијата.

Според извори од полицијата се истражува неовластено навлегување во комјутерскиот систем на Централниот регистар.

Се очекуваат повеќе детали за случајот.

Љубомир Јосифовски беше пратеник на НСДП во претходниот паламентарен состав. Му беше директен ривал на Тито Петковски за позицијата лидер на НСДП.

Коронавирус