петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 157
home Вести

Приватните стоматолози бараат МЗ да донесе одлука за прекин на работата на стоматолошките ординации

Приватните стоматолози бараат МЗ да донесе одлука за прекин на работата на стоматолошките ординации

Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина преку соопштение го повикува Министерството за здравство да донесе одлука за привремено прекинување на работата на стоматолошките ординации во државата, да одреди соответен број на ПЗУ во секоја општина кои ќе бидат надстандардно опремени со заштитна опрема за заштита од заразата, а исто така и кадровски екипирани, за да можат стручно и ефикасно да одговорат при потреба од интервенција во сите случаеви.

Посочуваат дека кога станува збор за докторите стоматолози и останатиот здравствен персонал кои ќе работат во „дежурни амбуланти“ потребно е тие да се екипираат независно од тоа во која ПЗУ се законски вработени. Тоа значи дека сите доктори и целиот здравствен персонал се на располагање.

На овој начин, наведуваат од Здружението, најголемиот број здравствени работници од стоматолошкиот систем ќе биде ставен во резерва, а и заштитен од непотребна изложеност на заразата.

Со тоа што ќе останат дома, а нема реална потреба да бидат на работното место и како граѓани ќе придонесуваат за намалување на можноста од ширење на заразата. Исто така ќе ги штедат матерјалните ресурси на ПЗУ, нема да се создаваат непотребни трошоци и тоа во услови кога приходите ќе бидата драстично намалени. На овој начин ќе биде сочуван стоматолошкиот персонал, а како здравствени работници стојат на располагање на Министерството за здравство да бидат вклучени во било која друга мисија на заштита согласно со нивната стручна подготвеност, истакнуваат од Здружението.

Предлагаат Фондот за здравствено осигурување да ја разгледа можноста за солидарана месечна исплата во сите ПЗУ за време на кризните месеци и додека трае кризата со епидемијата да биде спречена можноста за промена на матичните стоматолози. Апелираат до претседателот на групата за криза во Стоматолошката комора да се приклучи кон оваа препорака.

Коронавирус