вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 163
home Вести

Приватните гинеколози на средба во ФЗОМ

Приватните гинеколози на средба во ФЗОМ

Менаџментот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија попладнево ќе одржи средба со претставници на Здружението на приватни гинеколози на Република Македонија, информираа за МИА од ФЗОМ.

Од Здружението бараат зголемување на капитацискиот бод од 55 на 60 денари, бодот да биде според возраста на пациентката и да се дефинира пакетот на услуги кои ги покрива државата.

– Сите одлуки кои ќе бидат заеднички донесени ќе бидат навремено соопштени. Матичните гинеколози се најскапо платените специјалисти во Република Македонија, со просечна месечна исплата од 169.000 денари по тим. Колку за споредба, тоа е повеќе од 55.500 денари отколку што Фондот исплаќа на општ матичен лекар, соопшти ФЗОМ пред неколку дена во врска со барањата на Здружението на приватни гинеколози.

Од ФЗОМ наведуваат дека матичните гинеколози се важна алка во здравствениот систем, бидејќи се грижат за репродуктивното здравје на жените, а воедно се во помал број од предвидениот во Република Македонија.

– Фондот секогаш ги носи своите одлуки во интерес на своите осигуренички, а пред се, во насока на обезбедување квалитетна и навремена здравствена заштита, па така и овојпат, партнерски ги разгледува можностите за изедначување на капитацискиот бод за матичните гинеколози со другите матични лекари. Но, ова предвидува нови финансиски средства, посочија пред неколку дена од Фондот.

Коронавирус