петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 119
home Вести

Притвор за татко и син, албански државјани, кои пренесуваа дрога

Притвор за татко и син, албански државјани, кои пренесуваа дрога

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – државјани на Република Албанија поради постоење на основано сомневање дека како соизвршители сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

-Двајцата осомничени, татко и син,  по претходен договор и во заедница, на 6-ти октомври неовластено заради продажба пренесувале наркотична дрога – марихуана во вкупна количина од 44,742 кг. Дрогата, спакувана во 45 пакувања, осомничените ја пренесувале во патнички автомобил марка Опел мерива со   регистарски  ознаки од Република Албанија. При вршење контрола на возилото од страна на  царинските службеници на граничниот премин Богородица биле пронајдени 25 пакувања марихуана сместени во посебно изработен простор – бункер под задните седишта и по 10 пакувања дрога сместени во посебно -изработени простори – бункери под возачкото и совозачкото седиште, соопштуваат од ОЈО.

Имајќи ги предвид висината на запретената казна и можноста осомничените да го повторат кривичното дело, како и тоа  дека осомничените се странски државјани и немаат живеалиште во Република Северна Македонија, надлежниот јавен обвинител ценеше дека постојат законски основи за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Судијата на претходна постапка  го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените им е определена мерка притвор во траење од 30 дена.