недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Притвор за кавадарчанката осомничена за подведување на девојчето од „25 Мај“

Притвор за кавадарчанката осомничена за подведување на девојчето од „25 Мај“

– Триесет дневен притвор и е одреден на кавадарчанката, која е осомничена за подведување на малолетното девојче, штитеничка од од  ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје, „25 Мај“.

По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје на осомничената и е одредена мерката притвор.​

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција почна истрага и отвори предмет по допрен глас.

Четириесет и три годишната жена од Кавадарци се товари дека сторило кривично дело „тргивија со дете“ од чл.418 од Кривичниот законик, за што е предвидена казна затвор од најмалку 10 години.

МВР претходно денеска соопшти дека поднело кривична пријава за трговија со дете 42-годишна кавадарчанка М.Д. во врска со случајот со штитеничката од „25-ти Мај“.

Според документираните сознанија утврдено е дека пријавената во текот на декември минатата година и јануари оваа година го принудувало детето Р.И., да дава сексуални услуги на поголем број лица за одреден паричен надомест.

Исто така покрај сексуалната експлоатација, пријавената вршела и трудова експлоатација врз детето принудувајќи да питачи за неа. М.Д. била задржана во полициска станица во Кисела Вода.

Претходно со поднесување кривична пријава за 11 одговорни и стручни лица од Центарот за социјална работа – Скопје за кривично дело „несовесно работење во служба“ и „запуштање на малолетно лице“ и со оставката на директорот на Домот „25 Мај“ полека почнува да се лоцира одговорноста за случајот со 13-годишната штитеничка од овoј дом.

Премиерот Зоран Заев на последната седница за пратенички прашања рече дека е поддржувач на максимална казна за ваквите појави, затоа што само така ќе се испрати пораката никогаш да не се повтори.

Најнови вести

Коронавирус