понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 173
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Пристигнаа резултатите само за двајца од тројцата пациенти- Еве дали има коронавирус во Македонија

Пристигнаа резултатите само за двајца од тројцата пациенти- Еве дали има коронавирус во Македонија

Од тројцата сомнителни кои утринава се пријавиле на Инфективна, а претходно биле во Италија, кај двајца од нив тестовите се негативни.

За третиот резултатот уште не е готов. Министерот за здравство изјави дека сите имале симптоми слични на грип и затоа побарале лекарска помош.

Филипче тврди дека има доволно реагенси за потврдување на вирусот а веќе ја започнале постапката за набавка на дезинфекциони средства што беше една од вчерашните заклучоци на Влада.

Засега нема препораки за одложување на јавни манифестации во земјата, имајќи во предвид дека викендот е Струмичкиот карневал, но доколку се појави случај во Македонија ќе има мерки и за такви настани.

Филипче вели дека вечерва има авионски лет од Италија на скопскиот аеродром, но засега немаат одлучено дека сите патници би ги ставиле во изолацијс како што прават некои земји.

Коронавирус