петок, 5. март 2021. Вести денес: 165
home Вести

ПРИСТИГНА СНЕГОТ ВО СКОПЈЕ: Еве до кога ќе паѓа според прогнозите на УХМР!

ПРИСТИГНА СНЕГОТ ВО СКОПЈЕ: Еве до кога ќе паѓа според прогнозите на УХМР!

Предвидувањата на метеоролозите се остварува, во главниот град во овие моменти започна да врне снег.

До крајот на денот во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а во западните делови позначително ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер претпладне од јужен, а попладне од северозападен правец.

Времето утре ќе биде променливо облачно и студено, во текот на денот со повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно и студено со умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. На места ќе провејува снег.

Во недела пак времето ќе биде сончево со умерена облачност и многу студено. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.

Во понеделник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието.

УХМР издаде и актуелно предупредување: Поради продор на студена воздушна маса од север следува период на многу студено време. Денес попладне и во вечерните часови ќе има нови врнежи од снег, позастапени и пообилни во западните делови. Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а во западните делови позначително ќе се зголеми.

Коронавирус