петок, 13. декември 2019. Вести денес: 132
home Вести

Пристигна лекот „спинраза“ малиот Јане е симбол за волја и истрајност

Пристигна лекот „спинраза“ малиот Јане е симбол за волја и истрајност

По  двегодишно одложување, за првпат заболените од спинална мускулна атрофија во земјава го добија лекот „Спинраза“.

Јане Велковски, херојот од Македонија, 11 годишното момче кое стана симбол на борбата на пациентите со оваа болест  го добива лекот кој се корсити за третман на децата и на возрасните пациенти кои боледуваат од оваа ретка болест .

Велковски е голем навивач на македонската фудбалска репрезентација, неговиот сон е да игра фудбал, се надеваме дека ќе му се исполни.

Селекторот Игор Ангеловски со специјална порака посветена на еден од најголемите навивачи на националниот фудбалски тим.

Во земјава се регистрирани 7 пациенти до 18 години со СМА тип 2 и 3.

извор: dribling.mk