недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 90
home Вести

Пристигна и вториот тест- ова се резултатите на пациентот кој по втор пат се тестираше од коронавирус

Пристигна и вториот тест- ова се резултатите на пациентот кој по втор пат се тестираше од коронавирус

Министерството за здравство информира дека вториот, повторен тест на лицето од Кочани, чиј брис пристигна преку ЦЈЗ Штип е негативен на коронавирусот.

И првиот тест на пациентот од Кочани беше негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, истиот се повтори. Сите 7 лица тестирани денеска се негативни на вирусот и нема нови пациенти позитивни на коронавирус во земјата.

Министерството за здравство информира и дека професорот д-р. од Инфективната клиника кој е назначен за координатор на службата за инфективни болести во Дебар е пристигнат во Дебар и веќе е започната анализа на состојбата и координација на активностите околу новите тестирања и новиот план за работа на докторите- епидемиологот и двајцата инфектолози коишто се веќе таму.

Коронавирус