вторник, 3. август 2021. Вести денес: 7
Вонредна вест

Стивнува пожарот во Кочани: Човечки жртви нема, пет лица се во болница- огнот сè уште не е целосно изгаснат

home Вести

Пристигна донацијата од 20.000 вакцини „АстраЗенека“ на Грција

Пристигна донацијата од 20.000 вакцини „АстраЗенека“ на Грција

20.000 вакцини „АстраЗенека“ донација од Грција денес пристигнаа на Скопскиот аеродром. Министерот за здравство и премиерот Зоран Заев ја примија донацијата.

– Денеска од нашите пријатели од Владата на Република Грција ја примивме донацијата од 20.000 дози вакцини Астра Зенека. Оваа поддршка од грчката Влада и грчкиот народ се од голема важност за нас, за што им изразувам благодарност. За време на примопредавањето нè поздрави и премиерот Зоран Заев кој во тој момент се врати од Брисел, напиша на Фејсбук Филипче, кој минатата недела ги најави 20-те илјади дози од Грција, но и 50 илјади дози од Бугарија.

Грција вчера донираше 20 илјади вакцини на „АстраЗенека“ и на Албанија.

Коронавирус