четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 15
home Вести

Пристигна барањето на Србија за Морина, Дедај за ТВ21- Евентуална екстрадиција може да ги наруши меѓудржавните односи

Пристигна барањето на Србија за Морина, Дедај за ТВ21- Евентуална екстрадиција може да ги наруши меѓудржавните односи

Србија и официјално поднесе барање за екстрадиција на поранешниот војник на ОВК, Томор Морина, кој беше уапсен минатата недела на граничниот премин Блаце. Од министерството за правда велат дека барањето на Србија во понеделник ќе биде доставено до судот кој што ќе го води случајот. Амбасадорот на Косово во Македонија, Ѓерѓ Дедај, зборуваше за екстрадицијата на Морина ексклузивно во интервју за ТВ21.

Тој истакна дека до екстрадицијата не треба да дојде бидејќи, како што рече, тоа може да доведе до раскинување на меѓудржавните односи меѓу Косово и Македонија.

-Сепак, мислам дека неговата екстрадиција е целосно против човековите права, таа е нелегална, неприфатлива и не треба да се случи, бидејќи евентуална екстрадиција веќе не е на штета на личната судбина на Томор Морина. Туку, може да има последици и за меѓудржавните односи меѓу Република Косово и Република Северна Македонија. И, не би сакале вакви случаи да влијаат на евентуалното расипување на односите, за што ние како Косово воопшто не сме заинтересирани, рече Ѓерѓ Дедај, амбасадор на Република Косово, за ТВ21.

Коронавирус