четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 155
home Вести

Природен прираст од 673 лица во третиот квартал, за 12 проценти повеќе разводи

Природен прираст од 673 лица во третиот квартал, за 12 проценти повеќе разводи

Бројот на живородени деца во третиот квартал годинава изнесува 5.374 и во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 7,4  проценти. Во третото тримесечје годинава имало  4.701 починато лице, за 2,2 проценти повеќе споредено со третиот квартал лани. Од вкупниот број починати, 14 се доенчиња, објави денеска Државниот завод за статистика.

Природниот прираст изнесува 673, односно за толку лица е поголем бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во третиот квартал биле склучени 4.302 брака, за 0,2 процента помалку во однос на истиот период лани, но се регистрирани 355 разводи или за 12,2 процента повеќе споредено со јули, август и септември минатата година.

Коронавирус