петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

ПРИРАЧНИК НА КРИМИНАЛИТЕ НА ЗАЕВ: „Ла Верита“ во првиот дел донесува бркање од работа, невидена тортура, како Заеви „победуваа“ во Струмица (ФОТО)

ПРИРАЧНИК НА КРИМИНАЛИТЕ НА ЗАЕВ: „Ла Верита“ во првиот дел донесува бркање од работа, невидена тортура, како Заеви „победуваа“ во Струмица (ФОТО)

„Осомничените Зоран Заев, роден на 08.10.1974 година во Струмица со место на живеење на ул. „Младинска“ бр… Струмица, Вице Заев роден на ….година во Струмица со место на живеење на ул. „Браќа Миладинови“ бр…. и Марјан Даскаловски, роден на 04.05.1964 година, роден во Василево Струмица живее на ул. Маршал Тито бр… Струмица, создале криминална група со цел преку нудење на поткуп да изврешат влијание врз волјата на гласачите, а со тоа да влијаат и над конечниот резултат од гласањето за време на претседателските и парламентарни избори во 2014 година во корист на политичката партија СДСМ“, вака гласи обвинението покренато во 2018-та година од страна на новата  омилена обвинителка на Зоран Заев, Вилма Рускоска кое експресно отфрлено наводно како што тврди обвинителката поради недостаток на докази против осомничените.

Рускоска која за случајот „Рекет“ беше исклучително внимателна и одмерена, притоа не објавувајќи многу инфомации за текот на постапката, но во врска со обвинението против Заев за поткуп на гласачи, во кое учествувал и неговиот брат Вице, вели дека одлучила да не ги процесуира до судот бидејќи не видела докази за изборни нерегуларности.

Но ако Русковска „не видела“ докази, факт е дека целата македонска јавност имаше увид во она што го објави италијанскиот медиум „Ла Верита“, а она што го објави е доволно за осудителна пресуда за сите осомничени.

Според она што го открива италијанскиот медиум, доказите се прибавени со посебни истражни мерки, односно поради сомнение за бавење со нелегални активности, на осомничените им се следат комункациите, а покрај транскрипти во обвинителство се наоѓаат и оригиналите од легално прибавените снимки.

Заеви наредуваат бркање од работа на граѓани кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ

Во разговори со извесен Игор Н. од ДПТУ Струма Пром Плус ДООЕЛ, Вице Заев го прашува дали е вистина дека неговиот шура и дедо биле на митинг на ВМРО-ДПМНЕ, по што соговорникот на Заев потврдува, а тој му вели да нема милост и дека ќе се слушне со извесен Коце за да ги избрка од работа шурата и шурнајката на Игор од работа.

Замислете братот на екс премиерот нарачува бркања од работа на граѓани само поради нивната политичка определба.

Вице во разговор со Коце Н. сопственик на Чамчиглик Голд ДООЕЛ го пристиска да ги избра од работа шурата и шурнајката на Игор Н. од работа, на што добива потврден одговор од сопственикот на фирмата.

За жал ова не е изолиран случај во кој Заев бара бркање од работа па така од Љупчо Зенделов сопственик на Зендолино Комерц, Вицето бара Весна Далиоска да биде избркана од работа бидејќи била ангажирана како набљудувач на изборите од ГРОМ.

Бруталноста на Вице Заев  оди дотаму да во разговор со Асан Асанов бара од него да се исфрли од работа цела фамилија која гласал за ВМРО, пртиоа споменувајќи извесен Јашар кој работи како тракторист во некоја од неговите фирми.

-Разговор меѓу Вице Заев и Асан Асанов, во кој Асанов вели дека треба да се избрка целата фамилија на Камбер „жената, мажот и сега гласаше за ВМРО сакам да ја исфрлиш цела фамилија гласале за ВМРО, и тој Јашар што е трактористот кај нас, кај Бранко што работи“.

 

Продолжува…