вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 48
home Вести

Примопредавање на должноста командант на Здружената Оперативна Команда

Примопредавање на должноста командант на Здружената Оперативна Команда

Со воена свеченост денеска во касарната „Боро Менков“  во Куманово, ќе се изврши примопредавање на должноста командант на Здружената Оперативна Команда (ЗОК).

Како што соопштија од АРМ, досегашниот командант генерал мајор Зоран Милески кој раководи со оваа команда од декември 2016 година, ќе му го предаде командувањето на бригаден генерал Павле Арсоски кој досега ја извршуваше должноста заменик на командантот на ЗОК.

На свеченоста ќе присуствуваат заменик началникот на ГШ на АРМ генерал мајор Азим Нуредин, генерали од АРМ, команданти на единици од АРМ, високи гости од МО и ГШ на АРМ, претставници од локалните самоуправи и организации со кои соработува оваа единица.

Коронавирус