понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 102
home Вести

Прилепската болница преполна со пациенти, а ветената монтажна ниту на повидок

Прилепската болница преполна со пациенти, а ветената монтажна ниту на повидок

Бројот на заболени од КОВИД-19 во државата рапидно и без контрола расте, болниците се пред финансиски и дефицитарен колапс. Во внатрешноста болниците се полни, а во Скопје клиниките не ги прима.

Во Прилеп вчера е одржан состанок на Кризниот штаб, на кој што се говореше за енормно зголемениот број на заразени од вирусот, и немање капацитет истите да се сместат во болницата во Прилеп. Инфектолозите пд прилепската болница аперлираат до надлежните власти дека немаат персонал, а немаат ниту пак доволно кревети за болните. Капацитетот на одделението во Прилеп брои само 30 легла од кои 23 веќе се исполнети. Инфектолозите од Прилеп за медиумите велат дека тешките случаи и случаите со коморбилитети воопшто не се примаат во Скопје и затоа болницата и менаџментот во Прилеп се наоѓа во незавидна ситуација.

-Значи не ни ги примаат во Скопје и потешките и оние со многу коморбилитети и затоа се наоѓаме во една незавидна состојба во однос на лекувањето. Пациентите тешки треба да ги праќаме на клиника меѓутоа тие не ги примаат затоа што и тие се преполни. И тие имаат преполни капацитети и тешките случаи остануваат да бидат третирани кај нас. Немаме респиратор меѓутоа и на инфективна клиника и секаде престанаа да ги ставаат на респиратор имаат таму некои други сипап маски кои ние ги немаме, нагласува еден од инфектолозите.

Според информациите од прилепската болница се примаат само помладите пациенти. Жителите од Прилеп бараат да се постави и ветената монтажна болница. Таа монтажна болница министерот ја ветува уште од јули месец, а не е ниту на повидок. Вработените од болницата не знаат кога ќе биде изградена истата иако требало да биде изградена веднаш до инфективното одделение.

Коронавирус