среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Вести

Прилепчани со мирен протест за поддршка на Jане Ченто (ВИДЕО)

Прилепчани со мирен протест за поддршка на Jане Ченто (ВИДЕО)

Синоќа, со пеење на химната за патронот на МПЗ „Пере Тошев“, чиј претседател е Јане Ченто, неговите содружници, родителите, пријателите и сограѓаните, од центарот на неговиот роден Прилеп, честитајќи му го 30-от роденден, кој Јане го дочека во затворот во Шутка, беше упатен Проглас за поддршка на Ченто, а против континуираната полициската бруталност која кулминираше пред една недела, објави АлфаТВ.

Голготата низ која поминува Јане, особено е болна и тешка за неговите најблиски, кои искрено се надеваат дека веќе следниот роденден Јане ќе го дочека дома покрај неговиот тригодишен син Методи.

Поддршка за Ченто да истрае во борбата за македонската кауза, упатија и неговите другари од детството, како и од патриотските здруженија од другите градови.

Јане Ченто е еден од четворицата обвинети за собраниските настани од 27- ми април кој не побара помилувње.