недела, 18. април 2021. Вести денес: 91
home Вести

Пријавување новороденчиња во Скопје само на едно место

Пријавување новороденчиња во Скопје само на едно место

Од денеска раѓање на новороденче на територијата на Скопје ќе се пријавува само во скопското подрачно одделение на Управата за водење матични книги (поранешна Комерцијална банка). Изводот од матична евиденција ќе се издава во рок од пет дена и ќе може да се подигне во месните општински канцеларии во целата држава.

Новината е дел од реформата во матичната евиденција наманета за застапниците на традиционалниот начин на пријавување. И натаму продолжува проектот „Добредојде бебе“ со кој родителите имаат опција да го пријават раѓањето уште во болницата и таму да го добијат изводот.

На едно место ќе се изврши бесплатно пријавување на раѓањето на новороденчињата од петте родилишта во Скопје: Гинеколошко акушерската клиника  Скопје, Мајка Тереза Чаир, Св. Лазар, Систина и Ремедика, а не како досега во општините кајшто се овие здравствени установи. За пријавување е неопходно еден од родителите да дојдат на шалтерите за водење  матични книги во скопското подрачно оделение на Управата, при што треба да приложи две важечки лични карти, венчаница или изводи за родени од двајцата родители.

Првиот извод од матичната книга на родени за новороденчето може да биде подигнат од кое било матично подрачје на Управата кое е електронски поврзано. Тоа значи дека може да се подигне изводот во матично подрачје Гази Баба, Ѓорче Петров, Аеродром, Карпош, Чаир, Бутел, Илинден, Петровец, Арачиново,Студеничани, Чучер Сандево, Шуто Оризари и останатите матични подрачја низ Република Македонија. При поднесување на барање за изводот од матичната книга на родените се наплатува 150 денари за изводот. Бараниот извод, уверуваат од Управата, родителите ќе го добијат за  пет работни дена со што ќе нема случаиу како досега кога за ваков документ во дел од канцелариите се чекаше и десет до 20 дена.

Дополнителните запишувања во матичните книги на родени ќе се реализираат како и досега, во матичните книги на родени по последната адреса на живеење на родителите. Ова, пред се, се однесува на децата родени во странство и за децата родени во домашни услови, за нивно дополнително запишување во матичната евиденција.

Во подрачно одделение Скопје, граѓаните ќе бидат услужени од вработените  каде ќе добијат упатства за поднесување на барањето за пријавување на новороденчето, а изводот ќе може да го подигнат во најблиското матично подрачје до  местото на нивното живеење.

Новината е дел од реформата на јавната администрација „една точка на услуги“.

На територијата  на Скопје лани се родиле 10.900 новороденчиња, од кои во ГАК Скопје се родиле 4.700 новороденчиња, а во Мајка Тереза Чаир 3.850. 

Коронавирус