среда, 5. август 2020. Вести денес: 176
home Вести

Прифатено обвинението против пратеничката Ременски, Боки 13 и Татко му за „Меѓународен сојуз“

Прифатено обвинението против пратеничката Ременски, Боки 13 и Татко му за „Меѓународен сојуз“

Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје го прифати во целост обвинителниот акт против пратеничката на СДСМ Фросина Ременски Ташевска, Бојан Јовановски-Боки 13, татко му Миле Јовановски, заменик-претседателката на „Меѓународен сојуз“ Јасна Мандиќ и нејзината асистентка за кривичните дела Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело. Во обвинението е опфатено е правното лице, невладината „Меѓународен сојуз“.

-Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје кој постапува во оценка на обвинението со КОК ООА 1/20, на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, против правното лице Меѓународен сојуз и 5 други физички лица за кривичните дела ‘Измама’ и ‘Перење пари и други приноси од казниво дело’, по одржана не јавна седница како и разгледување и ценење на фактите и доказите во актот, донесе решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост, се вели во соопштението на Основниот кривичен суд.

Оттаму велат дека по веќе одобрениот обвинителен акт ќе биде оформен предмет кој согласно АКМИС ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија од одделот за организиран криминал.

Коронавирус