недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Причините за стравичната автобуска несреќа се уште непознати, не се исклучува евентуална кривична одговорност

Причините за стравичната автобуска несреќа се уште непознати, не се исклучува евентуална кривична одговорност

Причините за стравичната автобуска несреќа кај Ласкарци во која животот го загубија 15 лица се уште не се познати. Не се исклучува ниту евентуална кривична одговорност.

-Во моментов се вршат вештачења во делот на тој предмет и откога Обвинителството ќе ги обезбеди овие докази, а во исто време веќе се повикуваат и сведоци во делот на незгодата, ќе може поконкретно да ги соопшти причините на незгодата, евентуалната кривична одговорност на сторителот или сторителите на кривичното дело. Во овој момент, Обвинителството нема такви податоци да излезе со тоа кој ја има одговорноста во врска со конкретната сообраќајна незгода, истакна обвинителот Љубомир Јовески.

Дел од материјалите што ги побарало Обвинителството, се обезбедени од превозникот „Дурмо турс“, но дел треба дополнително да се обезбедат.

Од Обвинителството информираат и дека возачот на возилото е сослушан еднаш, но тоа не значи дека не може и повторно да биде сослушан, доколку се укаже потреба на тоа.

-Пријавите од МВР во делот на говорот на омраза, Обвинителството активно ги следи и се постапува по тоа, потенцира Јовески.

Инаку, четворица од повредените во незгодата на автопатот Скопје- Тетово, што се случи пред една недела, се уште се во критична состојба. Двајца од нив се на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), а двајца се во Градската општа болница „8 Септември“.

Од ГОБ информираат дека пет пациенти се пуштени на домашно лекување, а осум се на Одделот за трауматологија.

Неколкумина повредени пациенти се сместени во другите оддели во Клиничкиот центар.

Коронавирус