среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 157
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Презентација на воена опрема во Неготино

Презентација на воена опрема во Неготино

На спортскиот комплекс во Неготино денеска од 16 до 18 часот, ќе се реализира отворена презентација на средства и опрема на Армиите кои учествуваат на големата меѓународна воена вежба „Swift Response 22 “.

Граѓаните на Неготино и околнината ќе имаат можност да се запознаат со дел од воените возила, вооружување и опрема кои се користат од страна на армиите кои учествуваат на оваа најголема досега изведена вежба во Република Северна Македонија.

Покрај презентацијата, присутните ќе имаат можност преку директна комуникација со армиските припадници поблиску да се запознаат со карактеристиките на средствата, постапките и процедурите кои ги извршуваат армиските припадници и да се фотографираат со истите.

Вежбата „Swift Response 22“ која се уште е во тек, е досега и единствена од осамостојувањето на државата во која се реализираа воздушни десанти во поголем обем. Во вежбовните активности кои се изведуваат во Република Северна Македонија учествуваа армиите на САД, Обединетото Кралство, Франција, Италија, Црна Гора, Грција, Албанија и Република Северна Македонија.

За време на изведување на вежбата, покрај големиот број комбинирани вежбовни активности во воздух и на копно се спроведоа и повеќе активности од цивилно воена соработка, меѓу кои беше и приказот на воздухоплови на спортскиот аеродром Стенковец, кој се одржа на 8 мај, како и претходно изведениот заеднички концерт на припадници од воените оркестри на Армијата на Република Северна Македонија и Армијата на САД за Европа и Африка.

Коронавирус