четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Презентација на средства и опрема користени во воената вежба „Swift Response 22“

Презентација на средства и опрема користени во воената вежба „Swift Response 22“

Во близина на градскиот стадион во Штип, денеска ќе има отворена презентација на средства и опрема на армиите кои учествуваат на големата меѓународна воена вежба „Swift Response 22“.

Граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со дел од воените возила, вооружување и опрема кои се користат од армиите кои учествуваат на оваа најголема досега изведена вежба во Република Северна Македонија.

Покрај презентацијата, присутните ќе имаат можност преку директна комуникација со армиските припадници поблиску да се запознаат со карактеристиките на средствата, постапките и процедурите кои ги извршуваат армиските припадници и да се фотографираат.

Претходно, како дел од предвидените активности од цивилно воена соработка и транспарентно прикажување на активностите на вежбата, беше презентирана воена опрема во Неготиво, на спортскиот аеродром Стенковец беа прикажани воените воздухоплови, а во Скопје беше изведен и заеднички концерт на припадници од воените оркестри на Армијата на Република Северна Македонија и Армијата на САД за Европа и Африка.

Вежбата „Swift Response 22“ која се уште е во тек, е досега и единствена од осамостојувањето на државата во која се реализираа воздушни десанти во поголем обем. Во вежбовните активности кои се изведуваат во Република Северна Македонија учествуваат армиите на САД, Обединетото Кралство, Франција, Италија, Црна Гора, Грција, Албанија и Република Северна Македонија, соопшти МО.

Коронавирус