среда, 4. август 2021. Вести денес: 49
home Вести

Претставниците на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денес со теренски посети на повеќе општини низ државата.

Претставниците на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денес  со теренски посети на повеќе општини низ државата.

Во Општина Кривогаштани посетени беа населените места Воѓани, Бела Црква и Обршани. Жителите на овие места се пожалија на се потешкиот живот откако е СДСМ на власт.  Власта нема остварено ниту едно предизборно ветување, а младите не гледаат иднина тука. Тие се плашат од целосно опустошување на нивните села доколку продолжи оваа сиромаштија која ја донесе СДСМ.

Исто така тие се пожалија на негрижата на власта кон земјоделците. Наместо нови пазари, и сгиурен откуп тие добија пустош, а нивниот труд е погазен.

Членовите на ИК исто така ја посетија и Општина Чешиново-Облешево. На средбите жителите  се пожалија дека власта е глва на нивните проблеми. Викаат дека се целосно заборавени од власта, нема никакви проекти, нема работни места, нема иднина за младите.

Заеднички за овие населени места е лошата економска состојба но и пустошот земјоделието. Граѓаните се жалат дека полошо од сега не било никогаш, едвај преживуваат  и затоа викаат дека ова власт ги изневери нивните очекувања го погази нивното достоинство и време е да си замине.

Коронавирус