недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 18
home Вести

Претставници на Воениот комитет на НАТО во посета на касарната „Илинден“

Претставници на Воениот комитет на НАТО во посета на касарната „Илинден“

Претставници на Воениот комитет на НАТО денеска ќе ја посетат касарната „Илинден“ во Скопје и ќе се запознаат со капацитетите и подготвеноста на дел од декларираните единици на АРМ.

Пред високите воени посетители низ работни точки ќе бидат прикажани показни вежби од страна на припадниците на декларираните единици од полкот за специјални операции, средната пешадиска баталјонска група, хеликоптерскиот детачмент, четата на воена полиција, инженерискиот вод и полската болница со улога 2, а ќе се запознаат и со дел од капацитетите на овие декларирани единици на АРМ.

МИА

Коронавирус