петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 50
home Вести

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ во посета на граѓаните низ неколку градови во Македонија

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ во посета на граѓаните низ неколку градови во Македонија

Членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска остварија посета низ неколку градови во Република Македонија.

Тие ги посетија и населените местa во општина Кавадарци. Во текот на посетата од страна на граѓаните им беше посочено дека се поголем број луѓе едвај крпат крај со крај во месецот.

Сиромаштијата според нив, скоро секое второ семејство во регионот го има зафатено.

Освен во кавадаречкиот регион, тие ги  посетија и Струмица заедно со општина Василево. Граѓаните од овој регион се пожалија на ниските откупни цени на земјоделството и како резултат на тоа ја искажаа својата
разочараност.

Тие истакнаа дека младите поради условите во државата се помалку остануваат и си заминуваат во странство.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ беа и во Берово и во Долнени. И од овие две места граѓаните посочија дека не е направено ништо за нивните населени места.

Според граѓаните,  големите ветувања на власта во периодот пред изборите, сега се претвориле во огромни разочарувања бидејќи нема конкретни проекти, но истовремено се чувствуваат оставени од институциите бидејќи никој не го слуша гласот на обичниот граѓанин.