вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Претставници на МЗШВ утре на средба со производителите на зелка и со откупувачите

Претставници на МЗШВ утре на средба со производителите на зелка и со откупувачите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) континуирано ја следи состојбата со откупот на зелката и откупната цена. Нејзини претставници утре ќе остварат заеднички состанок и со производителите на зелка и со откупувачите, се со цел да се најде решение кое ќе биде од заеднички интерес, соопшти МЗШВ.

– Во изминатите две недели, претставници на МЗШВ и на Владата одржаа неколку состаноци и со земјоделците и со откупувачите на зелка, на кои беше презентирана актуелната состојба со откупот и цената на зелка, и се слушнаа ставовите на двете страни, се наведува во соопштението.

Пролетната зелка во моментов се извезува во Русија, Полска, Романија, Белорусија и Украина.

Паралелно, како што се посочува, МЗШВ работи на долгорочна стратегија за обезбедување на сигурен пласман и откупни цени, како и на создавање на цврсто договорно производство помеѓу земјоделците и откупувачите.

МИА

Коронавирус