сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 131
home Вести

Претставници на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска ги посетија Општините Вевчани и Теарце.

Претставници на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска ги посетија Општините Вевчани и Теарце.

Во општина Теарце, при посетите на населените места Лешок и Доброште раѓаните на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ им посочија дека животот им е се потежок и нема ништо од ветувањата на власта. Велат дека не гледаат никакви инвестиции ниту во здравството, ниту во образованието, ниту пак во инфраструктурата, ниту пак младите својата иднина ја гледаат  во својата општина.

Средба со граѓаните имаше и во општината Вевчани.. И тука состојбата е иста како и во цела Македонија, Заевизмот и тука го оставил својот траг, младите си заминуваат, нема работа, граѓаните се борат за парче леб.  Граѓаните истакнаа дека се разочарани од власта, од бесперспективноста која во моментов владее во државата како резултат на неспособноста и неработењето на власта.

Заклучокот е дека претседателските избори се одлична можност да се казни власта и да се стави крај на нејзините погубни политики, победата на претседателските избори ќе го отворат и патот за предвремени парламентарни избори и промена на власта

Коронавирус