петок, 13. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Претседавачот на Воениот комитет на ЕУ, Грацијано, во посета на ГШ на Армијата

Претседавачот на Воениот комитет на ЕУ, Грацијано, во посета на ГШ на Армијата

Началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, е домаќин на претседавачот на Воениот комитет на Европската Унија, генерал Клаудио Грацијано, кој се наоѓа во прва официјална посета на Армијата на Република Македонија.

Генералот Грацијано за време на престојот во Генералштабот и Министерството за одбрана, соопштија од ГШ на Армијата, покрај средбата со генералот Ѓурчиновски, ќе оствари средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.