среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 8
home Вести

Претседателските кандидати ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори

Претседателските кандидати ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори

Кандидатите за претседател на Република Македонија Блерим Река, Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски, денеска во просториите на Државната изборна комисија (ДИК), ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори.

Како што е соопштено, настанот го организира Државната изборна комисија врз основа на член 8-в од Изборниот законик.

Кампањата за претседателските избори почнува од утре, 1 април и завршува на 19 април на полноќ. Првиот круг на гласање за претседателските избори ќе се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај.

Коронавирус