недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 53
home Вести

Претседателот Пендаровски го прими албанскиот амбасадор Фатос Река

Претседателот Пендаровски го прими албанскиот амбасадор Фатос Река

Претседателот  Стево Пендаровски, денеска го прими амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река.

На средбата, двајцата соговорници констатираа дека севкупните односи меѓу Република Македонија и Република Албанија, кои се карактеризираат со искрено пријателство и меѓусебно разбирање, бележат позитивен развој со континуиран дијалог.

Претседателот Пендаровски нагласи дека во иднина двете земји треба да се посветат на унапредување на билатералната соработка, особено во областа на економијата и зголемувањето на трговската размена, како и на реализацијата на инфраструктурни проекти кои ги поврзуваат Македонија и Албанија.

Во однос на европските интеграциски процеси, претседателот Пендаровски нагласи дека е неопходно Европската Унија да ги валоризира напорите на двете држави преку одредување датум за почеток на пристапните преговори. Тоа ќе придонесе за дополнителна регионална консолидација и соработка меѓу земјите, беше потенцирано на средбата.

Двајцата соговорници истакнаа дека Македонија и Албанија споделуваат идентични надворешно-политички цели. Двете земји се посветени на градење на добрососедските односи и соработка  во рамки на регионалните иницијативи.

Амбасадорот Фатос Река на претседателот Пендаровски му го честиташе стапувањето на функцијата и му посака успех во работата, изразувајќи уверување за натамошно  унапредување на билатералната соработка во сите полиња од заеднички интерес.