среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 136
home Вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со Јоханес Хан, Еврокомесар за проширување

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со Јоханес Хан, Еврокомесар за проширување

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на маргините на Конгресот на Европската Народна Партија оствари средба со еврокомесарот задолжен за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан.

На средбата Мицкоски нагласи дека стратешки приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е членство на Република Македонија во Европската унија и дека во таа насока Партијата ќе продолжи да дава значителен придонес.

Мицкоски го информираше Хан за политичкиот прогон и злоупотребата на правосудството против ВМРО-ДПМНЕ.

Во рамки на Конгресот на ЕНП, Мицкоски оствари средба и со Андреј Пленковиќ, Премиер на Република Хрватска, на која што двајцата соговорници разговараа за продлабочување на досегашната соработка и користење на хрватските искуства во процесот кон приближување на Европската Унија.

Вечерва Мицкоски ќе присуствува на Самитот на Европската Народна Партија каде што ќе се дискутира за изборот за кандидат за Претседател на Европската Комисија, каде што учество ќе земаат и претседателите, премиерите и лидерите на опозиција на најголемото и најмоќно политичко семејство во Европската унија

Коронавирус