сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 41
home Вести

Претседателот на Судски совет му одобрил на кандидат за претседател на Врховен да преполага тест?

Претседателот на Судски совет му одобрил на кандидат за претседател на Врховен да преполага тест?

Претседателот на Судскиот Совет, Киро Здравев му дозволил на еден од кандидатите да го преполага тестот за интегритет на судијата Џемали Саити, кој е еден од кандидатите за претседател на Врховниот суд.

Курир се обиде да ги провери ваквите информации во судот, но од таму до објавување на овој текст одговор нема.

Во трка за претседател на Врховниот суд покрај Саити, се и врховните судии Беса Адеми и Лидија
Неделкова.

Дел од албанските медиуми пред десетина дена пишуваа дека двајца од тројцата кандидати за претседател на Врховниот суд сè уште направиле психолошки тест и тест за интегритет и затоа интервјуата со  кандидатите сè уште не се започнати.

-Ги разгледавме апликациите, видовме дека двајца од кандидатите немаа психолошки тест и тест за интегритет. Тие мора да одат во Институтот за социолошки истражувања за да ги направат тестовите. Потоа ќе има интервјуа и дури потоа ќе биде избран нов претседател на Врховниот суд. Планираме до
крајот на јануари да се избере нов претседател, изјави Здравев кон крај на минатиот месец за „Порталб.мк“.

ЕУРО 2020

Македонија