вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 85
home Вести

Претседателот на судот се уште не одлучил по барањето на одбраната во случајот „Титаник“ за изземање на судскиот совет и судиите поротници

Претседателот на судот се уште не одлучил по барањето на одбраната во случајот „Титаник“ за изземање на судскиот совет и судиите поротници
ФОТО:МИА

Претседателот на судот се уште не одлучил по барањето на одбраната во случајот „Титаник“ за изземање на судскиот совет, судиите Осман Шабани и Огнен Ставрев, како и судиите поротници.

Според бранителот Еленко Миланов, СЈО треба да се изјасни во врска со прислушуваните судии.

На денешното рочиште не беа спроведени од домашен притвор Едмонд Темелко и Мумир Пепиќ, а не беше присутна и обвинетата Гордана Јанкуловска на која боледувањето и истекува утре.

Следното рочиште е закажано за 9 мај.

Во овој предмет на СЈО обвинети се поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Мартин Протугер, поранешниот генерален секретар на владата и на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски, и уште петнаесетина други лица.

Коронавирус