среда, 2. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Претседателот на стопанската комора на северно-западна Македонија потврди дека изводлив е 8 процентниот рамен данок кој го ветува Мицкоски

Претседателот на стопанската комора на северно-западна Македонија потврди дека изводлив е 8 процентниот рамен данок кој го ветува Мицкоски

Претседателот на Стопанската комора на северно-западна Македонија Неби Хоџа на новинарско прашање: Колку се реални и изводливи инвестициите во патишта од 500 милиони евра кој што ги најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски каде што се знае дека во годината каде што нема избори максималната реализација е 370 милиони евра и за ветувањето на осум процентниот рамен данок вели сето тоа е изводливо.

-Барањата од бизнис секторот од минатата власт беа рамниот данок да се продолжи бидејќи прогресивниот данок се покажа како неефикасен и го вратија рамниот данок, меѓутоа исто така со рамен данок од 8 проценти компаниите би имале поголема можност да плаќаат како квантитет повеќе, а би имале можност да заработуваат повеќе и да имаат подобар бизнис биланс во нивните компании, така да мислиме дека се изводливи, нормално ако се бориме сите против сивата економија, која што во регионот уште е во голема мера и ние како Стопанска комора секогаш во наша стратешка цел е да се сузбие и сите да бидеме во системот лојални еден со друг, вели Хоџа.

Тој додава дека ние во иднина би имале и поголем обрт на средства и би имале можност многу капитални инвестиции да бидат изводливи.

Коронавирус