сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 38
home Вести

Претседателот на Нова Либерална Партија го даде својот потпис за поддршка на кандидатурата на Гордана Силјановска – Давкова

Претседателот на Нова Либерална Партија го даде својот потпис за поддршка на кандидатурата на Гордана Силјановска – Давкова

Во текот на денешниот ден, во подрачното одделение на Државната изборна комисија во Прилеп, својот потпис за поддршка на кандидатурата на професорката Гордана Сиљановска-Давкова за Предтседател на Република Македонија, го даде Претседателот на Нова Либерална партија-Драган Василески.

-Професорката Гордана Силјановска- Давкова е кандидат кој во моментов може да го обедини македонското опшество. Нејзиното познавање на начинот на кој треба да функционира правото, не охрабрува дека може да се надеваме дека правото повторно ќе завладее, а вербата во правната држава ќе биде вратена. Народот во неа гледа како на единствен кандидат кој може да допринесе за подбра иднина на Македонската држава, притоа незадирајќи во емоциите на граѓаните. Уште еднаш, ја користам оваа можност, да ги повикам сите наши членови и симпатизери, и сите политички чинители во оваа држава, да ја поддржат кандидатурата на Гордана Силјановска- Давкова и активно да се вклучат во нејзината кампања како единствен начин да излеземе од бездната кон која се движиме – рече Василески.

Коронавирус