вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Претседателот на Кривичен ја повлекол поротничката во Ласкарци поради истечен мандат- била избрана во ист ден со поротничката во ТНТ

Претседателот на Кривичен ја повлекол поротничката во Ласкарци поради истечен мандат- била избрана во ист ден со поротничката во ТНТ

Избрани се на ист датум ама едната заминува дома другата останува на функцијата. Поротничката Славица Шандовска поради истек на четири годишниот мандат повеќе не е дел од судечкиот совет во предметот „Ласкарци“. Нејзината колешка пак Лилјана Кочковска и понатаму ќе биде поротничка во „ТНТ“. Од Кривичнот суд потврдија дека побарале од судскиот совет да констатира дека Шандовска повеќе нема мандат да ја извршува функцијата поротник, пренесува Сител ТВ.

„Со ваквото барање до Судскиот Совет судијата поротник повеќе не може да учествува во судските рочишта за било кој предмет“, велат за Сител од ПР службата на скопскиот Кривичен суд.

Но зошто ова не важи и за поротничката во случајот ТНТ? Од судот велат дека за Кочковска наместо констатирање на претстаниот мандат, од Судскиот Совет побарале мандатот да и биде продолжен. Тоа не било сторено и за поротничката во Ласкарци.

Дека Шандовска повеќе не е дел од поротата во случајот „Ласкарци“, потврди и судијата Диана Груевска.

„На судењето кое се одржа на осми јануари имаше промена во составот на судечкиот совет. Поротничка чиј мандат истекол веќе нема да доаѓа на судењата, а на нејзино место е заменскиот поротник“, рече судијата Груевска во телефонски разговор за Сител.

Шандовска и Кочковска за судии поротници биле назначени во декември 2015-та година. Според одлуката објавена во службен весник од 28 декември, тие заедно со уште триесетмина биле избрани за поротници во кривичниот суд со мандат кој трае четири години.

Во случајот со судењето за Ласкарци судијата Груевска на време, од самиот старт на судскиот процес вклучила и заменски поротници. Ваквата можност не ја искористил судијата Огнен Ставрев.

Во големи судски случаи многу често се назначуваат заменски поротници за да не дојде до повторување на судските постапки. Па така во случајот Титаник има 2 поротници за замена, во 27 април на старот имало тројца заменици.

Денеска по 4 години судење, на почеток се врати судскиот процес за Еразмус поради преселба во странство на еден од поротниците.

За случајот ТНТ и натаму траат препукувањата на релација одбрана- суд.

„Со тоа што Кривичниот суд при секое барање на адвокатите се обраќа до Адвокатската комора, да ни ги одземете лиценците, е обид за наше замолчување“, пишува адвокатот Мерџан Даути.

Судот и одбраната веќе една недела водат битка дали треба да продолжи судењето за ТНТ со поротник чиј мандат е истечен лани. Додека одбраната тврди дека тоа е незаконски, судот закажа секојдневни судења до 27 јануари – За тогаш судскиот совет најави дека ќе донесе одлука за мандатот на поротничката.

Коронавирус