недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 82
home Вести

Претседателот на косовското Собрание им го честита усвојувањето на Законот за јазици во Македонија

Претседателот на косовското Собрание им го честита усвојувањето на Законот за јазици во Македонија

Претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели им честита на сонародниците и пратениците во Република Македонија за усвојување на Законот за употреба на јазиците.

Според Весели, усвојувањето на законот за јазици претставува важен чекор во исполнувањето на Охридскиот договор и постигнување на високи стандарди за остварување на човековите права, кои според него се потребни во рамките на евроатлантските интеграции.

-Најсрдечни честитки до нашите сонародници во Македонија за исполнување на едно легитимно основно право. Им благодарам на моите колеги од македонскиот Парламент за усвојување на законот за јазици, кој ќе придонесе за подобрување на меѓуетничките односи, не само во оваа земја туку и во целиот регион, пишува Весели на социјалните мрежи.

Коронавирус