среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 1
home Вести

Претседателот на Европскиот совет в петок во Скопје

Претседателот на Европскиот совет в петок во Скопје

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел в петок ќе допатува во посета на Македонија, потврдија за МИА високи дипломатски извори од Брисел. Тој во Скопје ќе допатува од Тирана, каде што исто така ќе оствари средби со албански претставници.

Мишел ќе оствари средби со високи претставници на земјава, на кои се очекува да се разговара за новата методологија на преговарање, како и за текот на реформскиот процес во земјава.

Претседателот на Европскиот совет, пред околу еден месец во интервју за неколку европски весници, оцени дека до мај, кога ќе биде одржан Самитот ЕУ-Балкан во Загреб, треба да биде јасно како ќе изгледа реформата на ЕУ и дали тоа би било формален услов за согласност за Унијата да ги почне преговорите со Македонија и Албанија.

Коронавирус