петок, 4. декември 2020. Вести денес: 29
home Вести

Претседателот на ЕС Шарл Мишел на 16-ти февруари ќе има средба со претставници од Западен Балкан

Претседателот на ЕС Шарл Мишел на 16-ти февруари ќе има средба со претставници од Западен Балкан

Претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, на 16ти фервуари ќе се сретне со Високи претставници од земјите од Западен Балкан. Тие ќе се состанат на неофицијална вечера во седиштето на ЕУ во Брисел, на само еден ден пред состанокот на министрите за надворешни работи на Унијата пренесува српската агенција Бета. Неофицијално ќе се разговара за новата методологија за проширување.

Европската Комисија пред два дена ја објави новата методологија за преговори со ЕУ, која се однесува на земјите кандидати од Западен Балкан.

Кон средината на февруари Европската Комисија ќе објави и мини апдејтиран извештај за Македонија со фокус на владеење на правото и корупцијата.

Следниот Европски Совет на кој ќе се одлучува дали земјата ќе добие датум за преговори со ЕУ ќе биде на 26 и 27 март во Брисел.

Коронавирус