сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Претседателот на ЕПП, Дол бара почеток на преговорите за Македонија, вродуваат со плод лобирањата на Мицкоски

Претседателот на ЕПП, Дол бара почеток на преговорите за Македонија, вродуваат со плод лобирањата на Мицкоски

Жозеф Дол, Претседателот на ЕПП, сојуз на десни партиии во Европа од кој дел е и ВМРО-ДПМНЕ, а го има мнозинството во Европскиот парламент, повика на отпочнување на преговорите на Унијата со Македонија и Албанија.

– Политиката за проширување на ЕУ е една од најуспешните алатки за воспоставување стабилност и мир на нашиот континент. Одлуките што треба да ги донесат земјите-членки нема да влијаат само на стабилноста, безбедноста и просперитетот на Западен Балкан, туку и на нашиот континент како целина, вели Дол.

Според Дол време е да се испрати силен сигнал, но и ЕУ да остане верна на своите заложби за регионот на Западен Балкан.

Дол вели дела двете држави постигнале напредок во согласност со барањата за отворање на процесот кон приближување кон ЕУ.

– Иако останува да се направи многу, отворањето на разговорите за пристапување е следниот природен чекор. Граѓаните, а особено младите, од Северна Македонија и Албанија заслужуваат европска перспектива, бидејќи останува извор на мотивација и решеност за тие земји и поширокиот регион да продолжат со потребните реформи за понатамошно спроведување на владеењето на правото, зајакнување на судството, борба против корупцијата, подобрување на соседските односи и гарантирање на независност на медиумите, се вели во соопштението на ЕПП.

-Одлуката следната недела е историска и одлучувачка за иднината на нашиот континент. Патот за членство за Северна Македонија и Албанија ќе биде долг, но тоа е пат што треба да го градиме заедно и не смееме да изгубиме динамика. Земјите од Западен Балкан се нашите најблиски историски, географски и економски партнери. ЕУ нема да биде целосна додека регионот не биде дел од нашата унија, истакнува Дол.

Дол, како еден од водечките лидери на десницата во Европа беше еден од луѓето со кои претседателот на ВМРО-ДПМНЕ имаше средби на кои лобираше Македонија да добие отпочне преговори со ЕУ.

Коронавирус